Тура: Богомила - Нежилово - Чеплес (09/2006)

1Последните два викенди по ред со Весна ги поминавме во Богомила. Во изминативе месеци (па и години) трчајќи по карпите и планините сме заборавиле да се одмараме. Мојот татко е роден во Богомила и моите баба и дедо овде Кон Чеплесизградија куќичка во која како дете имам поминато многу убави моменти и токму тие искуства ја изградија мојата љубов кон природата и планините. Сепак подолго време (во последно време) таму одев само на поминување – кон Папрадиште, а од таму преку Чеплес одевме на Солунска Глава. Овој пат во Богомила отидовме едноставно - да бидеме таму. За прв пат по подолго време – тишина и едноставност. Главната цел беше да помогнеме во одржувањето на малецката На Чеплесградина (да не пресуши на сé уште високите температури) и тревникот пред куќата и тоа беа убави медитативни моменти, а во текот на денот (до пладне) правевме кратки велосипедски тури до блиските села и манастири.

Првата тура која ја направивме беше до селото Бистрица и манастирот Св. Петар и Павле во близина на ова село. Патот до селото е асфалтиран, но има прекрасен поглед кон Солунска Глава во текот на целото возење, а потоа по колски пат се продолжува до манастирот. Ѕидовите на куќите беа покриени со тутун – главна земјоделска гранка сé уште во Прекрасни патчињаовој регион, а во неговото нижење учествуваат сите членови на семејството – од дечиња до подгрбавени баби и дедовци... Во една прилика патот од селото до манастирот го имавме минато и пеш, но сега со велосипедите ни беше малку потешко и ни се виде и патот подолг. Сепак убаво си поминавме и тоа не охрабри да направиме и нешто подолго.

3Подолгата тура беше искачување до планинскиот дом Чеплес. Преку асфалтиран пат од Богомила стигнавме до селото Нежилово, а од таму по неасфалатиран пат до домот кој се наоѓа на надморска височина од 1450м. Турата ја поминавме со вкупно време од околу 4.5 часа (во двата правци) со сите одмори што ги правевме во селата и покрај домот. Возевме бавно бидејќи беше топло (а и стрмно и долго и со дупки и камења), но сепак голем дел од патот е под сенка така што со лесно темпо убаво си поминавме.

Планинскиот велосипедизам од секогаш ме привлекувал – како поради теренот кој се минува, така и поради местоположбата на теренот – во планините и покрај прекрасните села во нашата прекрасна Македонија...