Игор и Весна Талевски се носители на титула „Алпинист“ при Македонската алпинистичка асоцијација.
Слика: Игор на Френдо, Франција
Весна на Матка
Првото заедничко искачување на алпинистичка насока го направија на 18-ти Јули 1998 година, Насока: Нина IV/IV + UIAA. Од тогаш имаат направено преку 250 искачувања на различни локалитети во Македонија, Бугарија, Романија, Хрватска, Франција, САД... Ова се само неколку од нив (напишано е името на насоката, должината во вертикала и со римски броеви техничката тежина изразена во UIAA оцени):
Заеднички искачувања:
Романија, локалитет Бучеги
23 Јули 1999 Балкони, 200м, IV+/VI
Бугарија, локалитет Враца
1-3 Октомври 1999
Забот, 130м, III
Народна Армија, 300-350м, V+/VI-,A1
Урвич, 100м, V-/V(A1), Вратица, 110м, V+
Франција, Aiguille du Midi
20 Јули 2003,
Гребенот Космик, 250-300м, III/IV
Игор исто така има искачувања заедно со други македонски алпинисти на Пакленица –Хрватска:
20-22 Мај 2004
Мосорашки, 350м, V
Љубљански, 250м, VI+
Згрешени, 150м, VI-
Велебитешки, 350м, VII-
Брамов, 300м, VI-(IV,A1)
Исто така, на 18-19-ти Септември 2004 година заедно со Екалабја Божинов направи искачување на Северната Страна на Aiguille du Midi по насоката Френдо. Вкупната оцена на насоката е D+, а таа се издигнува 1200 метри во вертикала. Во тие два дена, качуваа околу 30 часа, преспивајќи 2 пати на самата насока при што првата ноќ ја поминале на мала полица во средината на насоката, а втората во тунел од мраз на самиот врв.
Планинарење
Во некои подобри времиња често на релација Попова Шапка-Титов Врв, а сега со задоволство најчесто на Солунска Глава. Искачувања на Кораб, Пелистер, Галичица, Љуботен...Олимп, Вихрен...
На 4-ти Декември 2000 година, Игор заедно со Пол Мејси, алпинист од Нов Зеланд, направи зимско искачување на Маунт Витни (4417м) – највисока планина во континентална Америка – без Аљаска.
На 17-ти Февруари 2001 година, во друштво со уште пет други учесници учествуваше во првото документирано зимско искачување на највисокиот врв во нашата земја, Кораб (2841м).
На 21 Јули 2003 година, Игор и Весна направија заедничко искачување на Монт Блан ду Такул (4248м) во Француските Алпи.
Контакт: