Картик Кларк е член на Шри Чинмој Маратон Тим на Велика Британија, Единбург. Покрај многубројните атлетски маратони и ултрамаратони тој најмногу е познат заради неговите пливачки подвизи.
Тој досега го има препливано 10 пати каналот Ла Манш, инспириран од Шри Чинмој.
За првпат каналот гопреплива во 1997 година (11ч и 57м). Неговото најбрзо преминување на каналот беше во 2002 година за време од 10 часа и 53 минути.
Картик покрај Ла Манш, го има препливано и езерото Виндермере (16км) со температура на водата помеѓу 14 и 15 степени.