Прашање: Колку треба да бидам внимателен кога избирам тренер? Кои особини треба да ги има?

Шри Чинмој: Некои тренери знаат многу работи кои вредат да се научат, но водат многу небожествен живот. Ако тренерот има некаква духовност во него заедно со неговата тренерска способност, тогаш размисли за него. Меѓутоа, дури и ако е добар тренер, ако е исто така полн со агресивни, нижи витални особини, тогаш биди внимателен. Индиректно или несвесно ти ќе ги привикаш неговите небожествени особини во твојот сопствен живот.

Несвесно се обидуваме да ги имитираме луѓето. Многу, многу студенти си ги уништуваат своите животи кога учат нешто од нивните учители. Учителот може да биде добар во одредена работа, но кога студентите ќе се вљубат во способностите на учителот а учителот не е духовен во поширока смисла на зборот, тогаш тие несвесно страдаат. Ги губат своите идеали. Заради ова јас не им советувам на моите студенти да земаат посебни инструкции.

Треба да бидеш многу внимателни и да одредиш колку многу можеш да научиш од учител без да ти влијае на твојот духовен живот. Ако си многу добар во твојот духовен живот и почнеш да учиш од тренер кој не е многу духовен, иако може да почнеш да блескаш во твоето надворешно трчање, може многу негативно да ти влијае на твојот духовен живот. Може да се случи да твоја цел во животот стане нешто тотално различно и да почнеш да го игнорираш твојот духовен живот. Тоа би било голема грешка. Но сепак, може да си доволно среќен да најдеш добар тренер. Тој не мора да биде ученик на духовен Учител - далеку од тоа. Тој може да е духовен човек а и да не е свесен за својата духовност. Има многу такви. Ако има добрина, љубезност, чист ум и сочуствително срце, тогаш тој е повеќе од духовен.

Тркачот може да развие многу силна внатрешна врска со својот тренер. Тогаш што се случува? На почетокот од трката, или дури и за време на трката, ако тркачот може да го привика присуството на својот тренер - неговиот стил, неговото охрабрување, неговата инспирација и динамичен импулс - тогаш тркачот може да привлече екстра енергија и екстра сила од својот тренер. Исто, да речеме дека има некој голем тркач кого го сакаш и обожаваш. Дури и да не е твој тренер, ако свесно ја привикаш неговата душа за време на трката, можеш да добиеш дополнителна сила и дополнителна инспирација од него.