Прашање: Некои денови трчам многу подобро и побрзо од останатите денови. Како можам да останам среќен во моето трчање во деновите во кои не можам да трчам најбрзо?

Шри Чинмој: Твојата тркачка способност се менува секој ден бидејќи секој ден си во различна свест. Еден ден се чувствуваш лесен. Друг ден се чувствуваш тежок. Еден ден чувствуваш а друг ден не чувствуваш инспирација. Но еднаш откога ќе почнеш да трчаш, ќе развиеш базична способност за трчање и оваа способност ќе одреди колку брзо ќе можеш да трчаш дури и во твоите спори денови. Ако можеш да трчаш 7 минути километар, тогаш ако не си во динамичен мод, ќе трчаш со темпо од 10 или 11 минути на километар. Нема да трчаш со 15 или 20 минути/км темпо. Дури и во твојот најлош ден, нема да трчаш поспоро од 15 или 20 мин/км.

Во тешките денови, ако сакаш да ја задржиш истата радост што ја имаш кога добро трчаш, можеш да си направиш трик на себеси. Замисли си дека самиот си решил да трчаш 15мин/км темпо тој ден а не дека си присилен на ова. Ако чувствуваш дека си присилен да трчаш полека, тогаш ќе чувствуваш дека ја нема твојата слобода и дека не сакаш да бидеш ничиј роб. Но ако чувствуваш дека ти си тој што му нареди на твоето тело да трча со темпо 15мин/км, тогаш нема да се чувствуваш мизерно. Уште од почетокот, ако чувствуваш дека твоја е одлуката да трчаш со таа брзина, ќе бидеш среќен како што беше кога трчаше со 10 мин/км темпо.