Прашање: Како трчањето може да ми помогне да ги надминам моите духовни слабости и нечистотии?
Шри Чинмој: Додека трчаш - посебно кога си уморен - ти си повеќе свесен за твоето дишење. Повеќе си свесен кога вдишуваш и кога издишуваш. Додека трчаш, кога вдишуваш, можеш свесно да привикаш божествена енергија да те енергизира. Оваа божествена енергија ја енергизира вољната реалност во тебе и ја просветлува темната реалност во тебе за да можеш да станеш совршен инструмент на Бог. Кога вдишуваш божествена енергија, автоматски таа ги менува или преобразува небожествените сили во божествени сили.
Секој пат кога ќе вдишиш, ако можеш само еднаш да го кажеш Божјето име или „Севишен“, или било кое божествено име или форма што ќе ти дојде на ум, тогаш таа духовна мисла ќе ја зголеми твојата чистота. Или се претвора во чистота во тебе или ти дарува чистота. Потоа, кога ќе издишуваш, чувствувај дека нова орност и ново ветување излегуваат од тебе кон Универзалната Свест. Ова ново ветување не е ништо друго туку твојата искрена вољност и орност да станеш добар и совршен инструмент на Севишниот.