Основач на Шри Чинмој Маратон Тим
Шри Чинмој е страствен спортист уште од својата младост. Во духовната заедница каде израсна, тоj се истакнуваше во фудбал и одбојка и беше врвен спринтер. За време на подоцнежната млaдост Шри Чинмој беше исто така шампион вo десетобој.
Во 70-тие и 80-те тој беше активен долгопругаш, истрчувајќи многу маратони, ултрамаратони и пократки трки. Долги години Шри Чинмој играше секојдневно тенис и често се натпреваруваше во атлетика во натпреварите за Ветерани, вклучувајќи ги тука и Светските игри за ветерани во Пуерто Рико во 1983 година и Светските игри за ветерани во Мијазаки, Јапонија во 1993 година. Со кревањето тежини Шри Чинмој започна во средината на 80-те и со тек на годините постави неколку светски рекорди во кревање со листовите на нозете и во кревање тежини со една рака.
Шри Чинмој верува дека урамнотежениот животен стил ја поттикнува хармонијата и внатрешниот мир. Неговиот интегрален пристап кон животот ги охрабрува физичката подготвеност и спортот како начин за лична преобразба. „Постојат безброј луѓе на земјата кои не веруваат во внатрешната сила или внатрешниот живот. Тие чувствуваат дека надворешниот живот е се. Јас не се согласувам со нив,“ вели Шри Чинмој. „Постои внатрешен живот; постои дух, мојата способност да кревам големи тежини докажува дека тој исто така може да делува и во материјата. Јас ги правам овие кревања со физичкото тело, но силата доаѓа од внатрешниот извор, од мојата молитва и медитација.“
Шри Чинмој се занимава со спорт не само заради радоста што ја добива од тоа, и за да го одржи телото здраво, туку исто така бидејќи го гледа спортот како природен начин за изразување на неговата филозофија на самонадминување. Многу познати спортисти имале шанса преку прашања и совети да ја согледаат важноста која Шри Чинмој му ја дава на спортот во човековото живеење
Инспирирани од неговиот пример, неколку негови студенти се обидуваат да ги помрднат нивните сопствени граници - поставувајќи нови светски рекорди во различни полиња, трчајќи повеќедневни трки, препливувајќи го каналот Ла Манш и искачувајќи ги некои од највисоките светски планини.