Шри Чинмој влезе во Махасамади и почина на 76 годишна возраст во Њујорк наутро на 11 октомври 2007 година.

Меѓународно признатиот мировен лидер и духовен водач Шри Чинмој, во четвртокот 11 октомври 2007 година почина на 76 години во својот дом во Квинс, Њујорк. Причината за смртта беше срцев удар.

Почитуван и сакан насекаде, Шри Чинмој ја манифестираше својата филозофија за светскиот мир преку широка лепеза на активности, вклучувајќи литература, уметност, спорт и музика. Универзалната природа на неговата филозофија ги прегрна луѓето од сите профили, вероиспосвести и националности и ги охрабри заедно да работат за мирот.

Нарекуван „Човек на ренесансата на модерниот век“, Шри Чинмој напиша преку 1.500 книги на поезија и проза, компонира скоро 21.000 музички дела и одржа повеќе од 750 Мировни Концерти ширум светот - сите бесплатни- во сали како Ројал Алберт Хол во Лондон, Линколн Центарот и Карнеги Хол во Њујорк. Тој беше страствен тркач и тенисер а во изминативе години и шампион во кревање тежини.

Претседателот Михаил Горбачов во своето писмо на утеха напиша: „Мојот долгогодишен близок пријател Шри Чинмој почина“ додавајќи „Ова е тешка загуба за целиот свет. Во нашите срца, тој засекогаш ќе остане човек кој го посвети сиот свој живот на мирот“.

Љубовта на Шри Чинмој кон спортот го пронижа целиот негов животен век и резултираше во бројни програми за мир и себенадминување. Во 1987 година, Шри Чинмој ја основа Трката за светска хармонија, најголемата светска штафетна трка за мир, која инволвира милиони учесници од преку 70 нации.

Шри Чинмој исто така го основа „Шри Чинмој Маратон Тим„, које врвен промотер на утрамаратонски трки организирајќи настани од маратони до најголемата атлетска трка - Трката на 3100 милји (~ 5.000км)

Хуманитарната организација на Шри Чинмој „Солзите и насмевките на срцето на единството„ до денес има собрано и дистрибуирано медицински и друга помош ширум Азија и Африка вредна милиони долари. Посветен на олеснување на болката и смалување на страдањата, Шри Чинмој еднаш напиша: „Мој Господе, дај ми способност да ја избришам секоја солза од секое срце“.

Шри Чинмој е роден на 27 август 1931 година во мало село во Бенгал, Индија. Останат без родители уште на возраст од 11 години, тој замина со своите 6 браќа и сестри во духовна зааедница во јужна Индија каде ги помина следните 20 години во интензивна молитва и медитација. Слушајќи го внатрешниот повик, во 1964 година заминува во САД за да им служи на духовните трагачи и го направи Њујорк свој дом.

Во следните 43 години по доаѓањето на Западот, Шри Чинмој стана модел за потенцијалот на човештвото. Отварајќи центри за мир и хармонија ширум светот, тој неуморно патуваше по земјината топка за да ја сподели својата инспирација и добра волја.

Архиепсикопот Дезмонд Туту напиша за заминувањето на Шри Чинмој: „Шри Чинмој беше голем човек. Бог се смее знаејќи колкаво добро тој постигна и охрабри кај другите. Во светот на сомнежот, непријателството и конфликтите, тој неуморно работеше за да ги зближи различните вери заедно и инспирираше многумина да го следат“.

Првенец во меѓурелигиската хармонија, Шри Чинмој беше сакан помеѓу религиозните лидери од сите вери. Од Папата Павле VI, Папата Јован Павле II, Мајка Тереза и Далај Лама, Шри Чинмој беше славен како вистински слуга на Бог.

„Многу сум задоволна од целата прекрасна работа што ја правиш за светскиот мир и за луѓето во многуте земји“ пишува Мајка Тереза. „Ајде заедно да продолжиме да работиме заедно и да споделуваме заедно се за славата на Бог и за доброто на луѓето“.

Шри Чинмој беше силен подржувач на Обединетите Нации. Уште од 1970 година тој им служеше како водач на „Мировната Медитација во Обединетите Нации“, асоцијација на делегати и вработени кој ја формира под покровителство на третиот генерален Секретар на ОН, У Тант.

„Надворешната порака на Обединетите Нации е мирот. Внатрешната порака на Обединетите Нации е љубовта. Најдлабоката порака на Обединетите Нации е единството.“ рече Шри Чинмој.

Жавиер Перез де Куелјар, 5-от Ген. Секретар на ОН, во 2005 изјави: „Јас добивам инспирација од Шри Чинмој, кој всушност би рекол, е срцето на Обединетите Нации. За време на сите години кога бев Ген. Секретар. и дури пред тоа тој секогаш беше со нас.“

Физичкото и духовното мора да одат заедно“ не учи Шри Чинмој. „Тие не може да се раздвојат“

Во овој поглед, Шри Чинмој ги вчодовиди спортските херои и светски авторитети за време на својата кариера на кревање тежини која започна во 1985година на возраст од 54години. Шри Чинмој заслугата ја даваше на Божјата Милост за внатрешната сила што му овозможуваше да крева илјадници, понекогаш дури и десетици илјадници килограми. Од автомобили до слонови и авиони, Шри Чинмој крена скоро секаков можен предмет на различен начин. Тој исто така им оддаде почест на повеќе од 8.000 поединци кревајќи ги над глава во програма насловена „Кревање на светот со срцето на единството“.

„Од Шри Чинмој научив дека големината на раката не го прави човекот, туку големината на срцето“. изјави 5-от Мистер Универзум и Најдобро Граден Човек на Светот на 20-от век, Бил Перл. „Никој на земјата го нема направено она што го има направено Шри Чинмој“

Во галериите ширум светот вклучувајќи ги Карусел Ду Лувре во Париз и Рускиот Национален Музеј на Декоративна Уметност, избор на слики на Шри Чинмој и неговите 16 милиони „Сон-Слобода-Мир-Птици“ им даваат радост и инспирација на безброј луѓе.

Преку 7.000 луѓе продолжуваат да ја следат неговата филозфија преку повеќе од 300 Шри Чинмој Центри ширум светот.