About the author:

Medur is our go-to person for many of the essential tasks involved in putting on our races: race setup, our lap counting system and our website. An enthusiastic runner himself, he has participated in many editions of the Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run in Canada and the US.
Меѓународниот шампион во кревање тежини и водач за глобална хармонија Шри Чинмој неодамна постигна неверојатно изненадувачки и восхитувачки подвиг во светот на кревањето тежини, за било која возраст.

Имено тој крена два тега со вкупна тежина од 740 фунти (336кг) над главата од седечка позиција. Кревањето на оваа тежина на овој силен човек во неговата зрела доба е еднакво на кревање на едрилица или голем концертен клавир!

На возраст на која најголемиот број луѓе се борат со рапидно влошувачкото здравје, Шри Чинмој изјави: „Јас имам 74 години. Ова кревање на тегови со тежина од 740 фунти (336 кг.) им го посветувам на мажите и жените од мојата возраст - старата генерација - за да ги инспирирам.“

Уникатната програма на Шри Чинмој исто така вклучува кревање на мажи и жени од сите области на животот за да им оддаде почест за нивните придонеси во подобрување на човештвото. Тоа е број од околу 8,000 луѓе почнувајќи од 1975 година вклучувајќи го Нелсон Мандела, Дезмонд Туту, Џејн Гудал, Роберта Флек, Стинг, Мухамед Али и Карл Луис. Минатата недела тој го подигна шампионот на Њујорк Сити Маратон, Пол Тергат и неговата жена кратко пред возбудливата победа на кениецот.

Скоро пред 6 години, кога Шри Чинмој подигна преку 400 фунти (182кг) на возраст од 68 години, признатиот Мистер Олимпиjа д-р Франко Колумбу изјави: „Ниеден жив денес не може да подигне вакви фантастични тежини. Умот и духот на Шри Чинмој се многу, многу моќни!“

Шри Чинмој верува во себенадминувањето базирано на внатрешната тишина и спокојот - и тој тоа моќно го применува во дело!  Шри Чинмој има напишано преку 1,500 книги, компонирано преку 22,000 песни (текст и музика) и нацртано преку 14 милиони души-птици.