Интересно
Членовите на Шри Чинмој Маратон Тим инспирирани од самиот Шри Чинмој се обидуваат во различните аспекти од спортот и животот да ги откријат своите скриени потенцијали.
Во оваа потрага, некои од нас стигнале до цели кои најголем дел од нас не можеме ни да ги замислиме а да не зборуваме за нивно остварување. Сепак, нашиот извор на инспирација Шри Чинмој, со своето мото: „Никогаш не се откажувај“ и „Зборот невозможно постои само речник“ преку сопствен пример постојано не инспирира да продолжиме во оваа бескрајна потрага и да го инспирираме светот. како што самиот Шри Чинмој вели: „Кога сме инспирирани ние правиме многу добри работи за себеси и за другите“.
|
|
||||
|
Пливачката Ведика Болигер од Швајцарија, член на Шри Чинмој Маратон Тим е првиот добитник на престижната награда за препливување на каналот Ла Манш „ Гертруде Едерле“. |
||||
|
Тој досега го има препливано 10 пати каналот Ла Манш, а неговата цел, инспириран до Шри Чинмој, е да го достигне бројот од 7 преминувања на каналот. |
||||
![]() Ахили Сју Озборн Ахили е една од ретките спортистки која се има докажано во повеќе спортови. Таа во 2001 година во својот прв обид успеа да го прелива ужасно ладниот канал Ла Манш за извонредни 11часа и 22минути. Погледнете ја листа на пливачи од Шри Чинмој Маратон Тим кои го препливале каналот Ла Манш. |
||||
|
Теџал Александар Чекоров е член на Шри Чинмој Маратон Тим Македонија и негов спортски директор. Тој е рекордер на Македонија во 24 часовната трка, 6 дневната и 10 дневната трка. Тој е исто така македонски рекордер во скокање со јаже - 40,000. |
||||
|
Љупчо Мирчевски |
||||
| Игор и Весна Талевски - алпинисти Игор и Весна се носители на титула „Алпинист“ при Македонската Алпинистичка Асоцијација. |
||||









Последните два викенди по ред со Весна ги поминавме во Богомила. Во изминативе месеци (па и години) трчајќи по карпите и планините сме заборавиле да се одмараме. Мојот татко е роден во Богомила и моите баба и дедо овде Кон Чеплесизградија куќичка во која како дете имам поминато многу убави моменти и токму тие искуства ја изградија мојата љубов кон природата и планините. Сепак подолго време (во последно време) таму одев само на поминување – кон Папрадиште, а од таму преку Чеплес одевме на Солунска Глава. Овој пат во Богомила отидовме едноставно - да бидеме таму. За прв пат по подолго време – тишина и едноставност. Главната цел беше да помогнеме во одржувањето на малецката На Чеплесградина (да не пресуши на сé уште високите температури) и тревникот пред куќата и тоа беа убави медитативни моменти, а во текот на денот (до пладне) правевме кратки велосипедски тури до блиските села и манастири.
Подолгата тура беше искачување до планинскиот дом Чеплес. Преку асфалтиран пат од Богомила стигнавме до селото Нежилово, а од таму по неасфалатиран пат до домот кој се наоѓа на надморска височина од 1450м. Турата ја поминавме со вкупно време од околу 4.5 часа (во двата правци) со сите одмори што ги правевме во селата и покрај домот. Возевме бавно бидејќи беше топло (а и стрмно и долго и со дупки и камења), но сепак голем дел од патот е под сенка така што со лесно темпо убаво си поминавме.








