About the author:

Medur is our go-to person for many of the essential tasks involved in putting on our races: race setup, our lap counting system and our website. An enthusiastic runner himself, he has participated in many editions of the Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run in Canada and the US.

Шри Чинмој Маратон Тим е најголем светски организатор на ултрамаратонски трки и улични трки вклучувајќи: маратони, ултрамаратони, трки со велосипеди, биатлони, триатлони, пливачки трки, игри за ветерани итн. Нивниот моментален број е преку 600 ширум светот и постојано се зголемува. Шри Чинмој Маратон Тим има организирано повеќе светски шампионати во ултрамаратонски трки каде беа поставени или срушени светски рекорди.

Во Република Македонија, поточно во Скопје, Шри Шинмој Маратон Тим традиционално организира секоја година атлетски маратон насловен „Маратон на себенадминување на Шри Чинмој“ во кој се одвиваат две атлетски трки: Маратон и полумаратон. Исто така во градскиот парк во Скопје, секоја сабота со почеток во 8.00 часот (во зима во 8.30ч.) се организира „Трка на себенадминување  - 2 милји“.

Покрај организацијата на овие редовни спортски настани, тимот во Македонија има организирано и трки во чест на посебни настани како: „Трка за Мајка Тереза“ (18км, октомври 2003), „Борис Трајковски - Мечтател за светска хармонија“ штафетна трка посветена на починатиот претседател (февруари 2005), Трка на 2 милји во чест на „Светскиот ден на трчањето - 6 ноември“ трки во чест на „Денот на Обединати нации“ итн.

Сиве овие трки се извонредна прилика за секој поединец да ја почувствува радоста на постојаното надминување на сопствените граници и во исто време обезбедуваат услови за развој на динамичната природа на секој поединец способна активно да го подржи сопствениот и општествениот развој на средината во која живее и делува.