Ведика Болигер ја доби престижната Гертруде Едерле награда.
Пливачката Ведика Болигер од Швајцарија, член на Шри Чинмој Маратон Тим е првиот добитник на престижната награда за препливување на каналот Ла Манш „ Гертруде Едерле“.
Таа досега 5 пати го има препливано каналот. Тоа за првпат се случи на 3 август 1990 година при што и требаа 14 часа и 45 минути.
Последниот нејзин успешен премин преку каналот беше во 2003 година за време од 22 часа и 27 минути.
Ведика е една од 22 пливачи на Шри Чинмој Маратон Тим кои имаат направено досега 33 успешни препливувања на каналот.