Љупчо Мирчевски е актуелен рекордер на Македонија на 12 часовната трка. Тој во 1999 година, на ултрамаратонот во Белград го сруши претходниот рекорд (100км) и постави нов со резултатот од 104км.
Во 2003 година во Њујорк, САД за првпат учествуваше на 6 дневна трка каде го освои 10 место со истрчани 476км. Тој и Теџал се единствените македонеци што ја имаат трчано оваа трка. На 24 часовната трка во Белград 2004 година, тој го освои 2 место со истрчани 144км.