Прашање: Зошто понекогаш кратката трка е понеудобна од долгата?

Шри Чинмој: Кога трчаш долга трка, можеш да одиш полека и рамномерно како индијска запрежна кола. Но кога трчаш кратка должина, таа за десет секунди завршува, па нормално ќе се чувствуваш неудобно. На кратката трка, штом ќе пукне пиштолот, мораш да стигнеш до целта. Почетната точка и целта се практично на исто место. Но на долгите трки, целта останува за одредено време далеку. Во текот на времето што ти треба за да стигнеш до целта, можеш да откриеш твој сопствен начин како да се чувствуваш поудобно за време на трката.

Можеш да ја мериш должината ментално и да ги пресметуваш твоите способности на твој сопствен начин, имаш време. Но на кратките трки, за само неколку секунди треба да стигнеш до целта. Треба да го дадеш твоето тело, витал, ум срце и душа со најголем напор, ако не со волја, на целта. Затоа станува најнеудобно.

Има само тројца победници: Тој што се натпреварува со себеси, тој што прв ќе ја помине целта и тој што ќе ја заврши трката. - Шри Чинмој

Натпреварувањето е добро, под услов да е натпреварување за себе-надминување а не натпреварување за его-демонстрирање. - Шри Чинмој

Божественото значење на натпреварувањето е манифестација на душевноста во надворешниот живот. Врвното значење на натпреварувањето е совршенство на единството во внатрешниот живот. - Шри Чинмој