Прашање: Како може нашата надворешна насмевка да му помогне на нашето трчање?

Шри Чинмој: Твојата надворешна насмевка може значително да му помогне на твоето трчање. Кога се смееш, ти го разоружуваш твојот противник. Сметај го трчањето, во овој случај, како твој противник. Додека се бориш и страдаш со твојот непријател, кој што е трчањето, ако му се насмевнеш, нормално твојот непријател ќе изгуби дел од својата енергија. Затоа прави му трикови на твојот непријател насмевнувајќи му се. Ова може да звучи апсурдно, но те уверувам дека е точно. Само мисли на светот на трчањето како на непријател и ослабни ја силата на овој непријател давајќи му насмевка.