Седмичната „Трка на себенадминување на 2 милји“ (3.2км) е посебно искуство и задоволство кое треба секој како рекреативец така и професионален атлетичар да го доживее. Оваа трка се организира веќе 16 години наназад. Самата специфичност на трката бара спој на брзина и издржливост, особини кои се толку многу потребни не само во спортот туку и во нашето секојдневно живеење.

Трката се одржува секоја сабота со почеток во 8.00 часот (во зима во 8.30ч) во градскиот парк во Скопје. Стартот е кај Градското собрание. Патеката е кружна со должина од 1км. Трката е од отворен карактер и може да учествува секој што има желба а учеството е бесплатно.
 


 

Ве покануваме да дојдете и да ги предизвикате сопствените постигнувања.

Сигурно ќе ги надминете, ви гарантираме !!!