About the author:

Medur is our go-to person for many of the essential tasks involved in putting on our races: race setup, our lap counting system and our website. An enthusiastic runner himself, he has participated in many editions of the Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run in Canada and the US.

Крег Вирџин (шампион на Америка на 10,000м, двапати шампион на светот во крос, најдобро време на маратон 2:10)

Прашање: Како да се справам со притисокот за победа и од друга страна со разочарувањето од губењето во спортските натпревари?

Шри Чинмој: Ти ќе можеш да се справиш со притисокот за победа ако, неколку дена пред трката или дури и пред стартот, можеш да го замислиш задоволството на прославувањето на твојата победа. Имагинацијата не е заблуда, таа не е реалност без основа. Имагинацијата е самата реалност во друг свет. Ја донесуваме во овој свет како што носиме плодови од дрво.

За да се справиш со разочарувањето од губењето, треба да се запрашаш дали умот или срцето е разочарано. Ќе сфатиш дека умот е тој што е разочаран а не срцето. Умот создава поделби, умот е самиот поделба, а поделбата е другото име за болката, уништувачката болка. Срцето од друга страна создава единство, всушност, срцето е самото единство а единството е другото име за радоста, спонтаната радост. Кога живееш во твоето срце, дури и ако најлошиот противник победи на трката, нема да се чувствуваш мизерно. На твое големо изненадување ќе откриеш дека неговата радост несвесно и неочекувано ќе влезе во тебе и ќе го прошири твоето срце. Тогаш ќе ја почувствуваш скоро истата радост што ја чувствува победникот.

Емон Коглан (Ирска, финалист на 1,500м на олимпијадите во 1976 и 1980 година, секој пат 4 место, светски рекордер на 1 милја во сала)

Прашање: На пример, во олимписко финале, има десет натпреварувачи на стартната линија. Сите се 100% физички спремни. Што му треба на тркачот за да ги победи другите?

Шри Чинмој: Не е само прашање на среќа за тоа кој ќе победи, има два начини да се стане победник: еден начин е да се концентрираш на секој тркач и, како магнет, да ја привлечеш кон себе силата на волјата која што секој од нив ја има и скоро да им ја испразниш нивната сила на волјата или животната енергија. Ова се нарекува обична моќ на решеност. Лавот на решеноста ги голта послабите животни.

Другиот начин е да се индентификуваш себеси со изворите на најголемата брзина и издржливост. На овој начин стануваме едно со повисоките реалности кои се невидливи но сепак бескрајно побрзи и посилни од надворешните реалности или надворешните способности.

Ако тркачот е свесен трагач по Вистината и вљубеник во Бог, тогаш тој ќе го примени внатрешниот начин а не надворешниот начин. Надворешниот начин е начинот на лавот: рикање и голтање на противниците.

Дон Кардон (САД, Претседател на Асоцијацијата на атлетичарите на улични трки, 4 место на олимпискиот маратон во Монтреал 1976 год.)

Прашање: Зошто мислиш дека тркачите често можат да постигнат еден вид на медитативна состојба за време на трчањето?

Шри Чинмој: Концентрацијата и медитацијата се членови на исто семејство. Кога тркачот го фокусира целото негово внимание на одредена трка, тој е во можност да го ослободи неговиот ум од несаканите вознемирувања. Тука еднонасочната концентрација е откривач на подлабоката медитативна свест.

Франко Колумбо: (боди билдинг, Мистер на светот, Мистер на Универзумот и двапати Мистер Олимпија)

Прашање: Колку се важни вежбите за истегнување во јогата, за умот?

Шри Чинмој: Ако некој вежба вежби за истегнување мислејќи дека ќе може да постигне мир на умот, тогаш тотално греши. Без разлика колку вежби за истегнување прави, без разлика колку часа минува во истегнување, нема да може да добие мир во умот. Мир во умот доаѓа само од нашиот живот на молитва и медитација. Јас имам неколку мои студенти кои многу добро ги прават вежбите за истегнување. Но за жал нивните умови лесно можат да ги победат мајмуните во немирност. Затоа ако боди билдер или кревач на тежини сака да има мир на умот, тогаш треба да биде Бого-вљубеник свесно и посветено.

Дик Берсли (САД, победник на Лондон маратон во 1982год.  со 2:11, второ место на Бостон маратон 1982г. со 2:08:52)

Јас истрчав маратон за 2:08:53 главно заради моите учества во улични трки. Дали ќе ги подобри моите шанси да влезам во олимпискиот тим на маратонци за олимпијадата во 1984г. ако учествувам во тренинзите и трките на 10,000м на патека?

Шри Чинмој: Секако дека ќе ти помогне да го подобриш твоето време на маратон ако трчаш 10,000м на патека. Трчањето е физичка работа, ментална работа, филозофска работа и работа на Отадето. Во физичкиот аспект, никој нема да може да ти каже повеќе од тоа што веќе го знаеш.

Во менталниот аспект, ако се навикнеш да трчаш пократки должини, ова може навистина да ти помогне. Кога трчаш маратон, ментално обиди се да почувствуваш дека трчаш само 21км наместо 42км. Ако го убедиш умот во ова и ако умот може да го убеди телото дека трча само 21км тоа ќе биде голема предност за тебе. Ова не е ментална халуцинација. Ново откритие зазорило во умот и умот го проследува ова до телото. И умот и телото мораат да дејствуваат заедно за да стигнат до крајната цел.

Во филозофскиот аспект, треба да чувствуваш дека твоите проблеми се незначајни како мравките и немој да обрнуваш внимание на нив. Имаш проблеми со крави, кучиња, пудлици и секаков вид на улични опасности. Овие проблеми треба да ги сфатиш филозофски. Иако овие работи се крајно несреќни и обесхрабрувачки за голем тркач како тебе, треба да чувствуваш дека тие се скоро дел од животот на тркачот. Ако можеш да ги гледаш на ваков начин, тогаш кога обесхрабрувањето и моменталниот недостаток на ентузијазам ќе те нападнат, во тој момент исто така ќе можеш да ги надминеш овие пречки.

На крај, ако можеш да замислиш дека преку твоето трчање правиш нешто што има директна врска со сенадминувачкото Отаде, кое што е далеку отаде подрачјето на земски-ограничениот физички ум, тогаш ќе добиеш огромна инспирација. Оваа инспирација отелотворува дополнителна сила, дополнителна радост и дополнително чувство на задоволство.

Мери Сланеј-Декер (атлетика: светски рекордер и два пати златен медал на светското првенство во 1983 година)

Прашање: Колку е добро да се знае дека други женски атлетичари, заради допингот, имаат „хемиска“ предност во однос на нивните конкурентки и како може „природен“ атлетичар како мене да ги оправда светските рангирања знаејќи дека другите алтетичари кои користат хемикалии постојано се рангирани повисоко од така наречените „природни атлетичари“?

Шри Чинмој: Понекогаш е добро и неопходно да се знае што другите прават. Ако некој  е тркач ова може да му го охрабри неговиот натпреварувачки дух. Меѓутоа, понекогаш е голема пречка кога знаеме што прават другите. Тоа нè нервира и во исто време не сакаме да ги прифатиме нивните методи. Во ваквите случаи, секогаш е добро да се има доверба во нашите сопствени способности.

Природата ја отелотворува космичката енергија. Космичката енергија е бескрајно посилна од било која од човек направена хемикалија. Оваа енергија доаѓа од врвниот Извор и нè води до врвниот Извор и за време на патот нè исполнува и задоволува. Хемикалиите и другите вештачки работи накрај ќе пропаднат, бидејќи тие не се природни. Се што не е природно, е како балон. За некое време ќе нè маѓепса и збуни, но на крај ќе пукне.

Крег Мејер: (САД, победник на Бостон маратонот во 1983 година со 2:09, рекордер на САД во дисциплините 15км и 20км)

Прашање: Зошто добивам повеќе задоволство од тренирање одошто од натпреварување?

Шри Чинмој: ПОвеќе задоволство добиваш од тренирањето одошто од натпреварување бидејќи кога тренираш, имаш повеќе единство со твојот внатрешен живот, кој го отелотворува бескрајното задоволство. Кога се тркаш, ти се натпреваруваш со другите бидејќи сакаш да ги победиш. Натпреварувачкиот дух кој доаѓа во натпреварите често страда од грижи, неспокој, сомнеж, колебање и разочарување. Меѓутоа кога вежбаш, ти си пред твоите најблиски „членови“ на твоето семејство: телото, виталот, умот, срцето и душата. Всушност, овие блиски членови на твоето сопствено битие вежбаат со тебе. Ова е цела фамилијарна забава. Додека вежбаш, ти свесно работиш за да ги надминеш твоите способности. Тогаш ја слушаш пораката на сенадминувачкото Отаде, а самата порака е целосно задоволство. Но кога се натпреваруваш со другите, повеќе се грижиш за победата одошто за самонадминувањето. Затоа, нормално колебањето, неспокојот и сомнежот имаат слободен пристап до твоето срце и ум и ти немаш и не можеш да имаш задоволство.

Род Диксон (победник на Њујорк маратон, бронзен медал на 1500м, Олипијада 1972г., четврто место на 5000м, Олимпијада 1976г.)

Прашање: Дали е нелогично да очекувам моето семејство да ја разбере мојата физичка потреба да продолжам со мојот атлетски живот? Сакам да го задоволам моето семејство, но исто така сакам да ја задоволам мојата атлетска кариера.

Шри Чинмој: Ти си голем тркач. Веќе имаш постигнато восхитувачка слава во твојата атлетска кариера. За да достигнеш вакви возвишени висини во атлетскиот свет, ти направи огромни жртви и членовите на твоето семејство исто така направија огромни жртви. Овој вид на заемна пожртвуваност не е ни на еден начин знак на твое занемарување  на семејството. Во текот на размислувањето на Крајното, или медитирањето на Крајното, по пат ти правиш јасни жртви. Треба да знаеш дека на крај овие жртви, самите ќе станат извор на просветлувачко задоволство. Или ќе избледат до безначајност кога повторно и повторно бидуваш крунисан со врвен успех.

Со нивните човечки срца, членовите на твоето блиско семејство сакаат да те присвојат и да те имаат цело време околу нив. Твојата наклонетост и љубов за нив и нивната наклонетост и љубов за тебе, нив им значи се. Твојата тркачка слава можеби е од второ значење за нив.

Но сепак, овие исти членови на твоето семејство, секој од нив има божествено срце. За разлика од човечкото срце, кое сака да поседува и да биде поседувано, божественото срце сака само да се дава себеси, да се проширува себеси, да го прими широкиот свет и да биде примено од широкиот свет. Ова се пораките кои што божественото срце ги добива од повисоките светови и ги нуди на целиот надворешен свет.

Тие што живеат во божественото срце се за целиот свет. Пораките кои што ова срце им ги дава нив тие не ги чуваат скришно или побожно во нивното најблиско семејство. Не, тие ги нудат овие пораки на целото човештво.

Така, ако некои сакаат да те присвојат или да те прогласат за нивен, лично нивен, тогаш треба да се обидат да живеаат во божественото срце, каде што и ти живееш. Ако ти и исто така членовите на твоето најблиско семејство можете сите да живеете во божественото срце, тогаш твојата посветеност кон твоите мили и нивното целосно разбирање за тоа што ти беше, што си и што ќе бидеш накрај незбежно ќе ти донесе бескрајна радост и бескрајно задоволство тебе и исто така на нив.

Џон Севиџ (американски тенисер)

Прашање: Зошто е толку тешко да се напредува или истакне во спортот?

Шри Чинмој: Во животот, за среќа или несреќа, ништо не е лесно. Ако се лесни работите, тогаш ќе бидиме задоволни со нашиот самозадоволен живот. Како жабата треба да скокаме, да скокаме, да скокаме! Ако се лесни работите, ако секогаш имаме успех, тогаш нема да ги вреднуваме нашите способности или да ги цениме нашите постигнувања. Во секој момент мораме да ги вреднуваме не само нашиот успех и постигнувања туку исто така и напорите што ги правиме. Мораме да го вреднуваме во секој момент не само тоа што станавме туку и тоа што го правиме во процесот на постанувањето. Не можеме да го двоиме напорот од резултатот.

За несреќа, ние не ги цениме нашите напори. Им се восхитуваме и ги обожаваме само резултатите. Со години и години вредно вежбаме. Потоа, за кратко време, турнирот ќе заврши. После тоа, светот ќе памети само дека имаше шампион на Вимблдон или на Отворено првенство на САД или во Франција. Но за ова колку години подготовка требаше? Четири, осум, десет, дванаесет! Ова светотот не го цени. Ја цени само победата а не подготовките.

Тимот што го преплива Каналот Ла Манш 1986 (Пливачите на Шри Чинмој Маратон Тим кои во 1986 година се обидоа да го препливаат Каналот (33-42км; 12-22 часа; температура на водата 14-18 С)

Прашање: Оваа година, околу половина го преплива Каналот. Како можеме да се подготвиме себеси подобро, внатрешно, за бидеме поуспешни следната година дури и со лоши временски услови како ладна вода, високи бранови и неповолна водена струја?

Шри Чинмој: Штом ќе скокнеш во водата, треба да замислиш дека позади тебе има оган. Ако оганот не те плаши, тогаш мисли на било кое животно кое најмногу те плаши-лав, тигар, алигатор, медуза или било што друго. Штом ќе влезеш во водата, почувствувај дека животното е позади тебе и те брка. Затоа мораш да одиш напред а не назад. Во исто време постојано чувствувај дека нешто најубаво те привикува. Обиди се да замислиш најубава градина или златен брег пред тебе. Ова е втората причина зошто одиш напред.

Додека си во светотот на имагинацијата, дефинитивно ќе почувствуваш помалку умор бидејќи си во светот на соништата. Но внимавај да не престанеш да пливаш. Инаку ќе влезеш во транс и твојот транс ќе те спушти надолу.

Имагинацијата е стварност во нејзиниот сопствен свет и таа има сила во себе. Јас имам напишано илјадници поеми и илјадници песни со имагинацијата. Кога пливаш, треба искрено да се молиш на Севишниот во тебе. При моите кревања на тежини, пред секој обид јас се молам и медитирам три или четири минути. Одам ваму таму за да се молам и медитирам. Така, и ти исто треба да се молиш и медитираш пред да пливаш, и тоа не само на денот кога ќе го пливаш Англискиот Канал (Ла Манш).

За нас, физичкото е само средство за изразување на нашата душа. Самото тело не може ништо. Кога видов дека мојот зглоб на раката држеше 1 тон не ми се веруваше. Но јас го направив тоа.

Дури и да сте здрави и во добра форма немојте да зависете од себеси. Зависете 100% од божествената Милост и чувствувајте дека некоја повисока сила ве турка и ве влече напред.