About the author:

Medur is our go-to person for many of the essential tasks involved in putting on our races: race setup, our lap counting system and our website. An enthusiastic runner himself, he has participated in many editions of the Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run in Canada and the US.

Прашање: Ако нaша цел е да истрчаме 80км неделно, дали е подобро да трчаме по 11км секој ден или да ја менуваме должината?

Шри Чинмој: Добро е секогаш да се има и лесни и тешки денови. Најдобро е да се има два лесни дена а потоа еден тежок ден. Дури и менувањето на лесен со тежок ден не е доволно добро. Ако еден ден трчаш 24км, не е добро следниот ден да трчаш 10 или 15км. Наместо ова, за време на твоите тешки денови помини 30км или 40км или дури и цел маратон (42.2км). Потоа следните два дена нека бидат лесни. На овој начин ќе можеш да трчаш по 100 или 150км неделно.

Само тие што се многу силни и кои сериозно тренираат за ултрамаратонски трки треба да трчаат повеќе од 100км неделно. Тие можат да трчаат 100 или 200км.

Прашање: Колкаво значење треба да му придадеме на физичките вежби во споредба со нашата редовна работа?

Шри Чинмој: Ти многу напорно работиш за твојот бизнис, но мислиш дека тоа е единствената работа што треба да ја работиш. Му даваш 100% од твоето внимание на твојот бизнис а дури ни еден процент на твоето тело. Треба да чувствиваш дека твоето тело е исто така нешто неопходно. Затоа, кога си тука и вежбаш или практикуваш некој спорт, треба да мислиш дека ова е единственото нешто во твојот живот. Инаку, додека практикуваш некој спорт, се уште ќе мислиш на твојот бизнис. Ако му даваш значење на спортот, ќе добиеш дополнителна енергија од него за твојата работа.

Прашање: Што мислиш за тренингот со велосипед за подобрување на трчањето?

Шри Чинмој: Додека живеев во Индија за време на мојата младост, возев многу велосипед. Барем два и пол часа возев велосипед секој ден, покрај мојата редовна работа. Тоа воопшто не ја зголемува брзината во трчањето, но некогаш е подобро од ништо. Понекогаш возењето велосипед може да биде пречка за брзината во трчањето, бидејќи развива посебни мускули кои не се надополнуваат со мускулите за брзина. Велосипедизмот помага за издржливост, но ако сакаш да ја зголемиш твојата брзина, тогаш не ти го препорачувам. Можеш да возиш велосипед за издржливост или ако си повреден и не можеш да трчаш. За малку издржливост можеш да го правиш ова. Меѓутоа, издржливоста во велосипедизмот е тотално различна од издржливоста во трчањето. Ако некој сака да стане добар тркач и да држи темпо од 3мин/км, тогаш возењето велосипед не е одговорот. Одговорот е во квалитетен тренинг со трчање.

Прашање: Која е добра вежба за зајакнување на нозете кога се уморни од стоење цел ден?

Шри Чинмој: Ако нозете ти се уморни од стоење цел ден, има две вежби кои се многу добри за нивно зајакнување. Едната вежба ги зајакнува мускулите на колената. Се седнува на под со една нога испружена, а другата е свиткана со коленото нагоре, двете раце се на колковите. Потоа ги менуваш нозете, свиткувајќи ја испружената нога и испружувајќи ја свитканата нога. Потоа пак ги менуваш.

Другата вежба е: Се клекнува со едната нога, при што другата нога е пред тебе и пак се станува при што другата нога е се уште пред тебе. Прво се прави со рамно стапало (целото на подот), а потоа на прсти. Ако можеш да ја направиш три или четири пати, твоите нозе ќе имаат огромна сила од горе до долу.

Прашање: Дали навистина на луѓето им треба повеќе сон кога тренираат атлетика?

Шри Чинмој: Ова е точно за обични луѓе. Ако истрчаат неколку километри, нив им треба повеќе сон. Но за духовни луѓе, посебно за напредни трагачи, не е неопходно. Со повлекување долу на космичка енергија, за две минути тие можат да добијат одмор од два часа, три часа, четри часа. Ова зависи од тоа колку ефективно можат да повлечат космичка енергија. Но на обичните тркачи им треба повеќе да спијат.

Прашање: Кој дел од денот е најдобар за трчање?

Шри Чинмој: Зависи од тркачот. Кога и да чувствува дека е најмногу физички, витално, ментално и психички спремен, тоа е најдоброто време за него да трча.

 

Трчањето го прави телото младо.
Стремењето го прави виталот млад.
Смеењето го прави умот млад.
Служењето го прави срцето младо.
Љубењето ја прави душата млада.