Да се биде вечно млад значи да се биде постојано во срцето. Како што вели Шри Чинмој: „Возраста е во умот а не во срцето“.
А да се биде во срцето значи животот да се сфати како една игра во градина. Така и беше во неделата (18.09) во градскиот парк изутрина кога членовите на Шри Чинмој Маратон Тим има спортски активности и игри насловени како „Игри без граници“. Еве неколку од тимските игри и фотографиите од некои од игрите. Се надеваме ќе уживате во нив.
1. Штафетна трка 3х1000м
2. Штафета-скокање со една нога 4х30м
3. Натпревар во јадење диња (мора да се признае дека ова беше една од најинтересните и „највкусни“ игри)
4. Прескокнување на јаже во пар (двајца иствремено скокаат со јаже-еден го врти)