About the author:

Medur is our go-to person for many of the essential tasks involved in putting on our races: race setup, our lap counting system and our website. An enthusiastic runner himself, he has participated in many editions of the Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run in Canada and the US.

Шри Чинмој Маратон Тим е основан од Шри Чинмој во 1977 година заради помагање на спортската заедница и промовирање на духовниот развој преку спортот.

Со тек на годините, Шри Чинмој Маратон Тим под водство и охрабрување од Шри Чинмој, стана најголемиот светски организатор на ултрамаратонски трки.

Исто така тимот е и главен организатор на улични трки, маратони, триатлони, мешани спортски настани, маратонски пливачки настани и атлетски натпревари за ветерани. Маратон Тимот има организирано неколку државни и светски првенства каде беа поставени светски рекорди.

Во почетните години на „атлетскиот бум“ овие настани поставија стандарди и ниво на услуга на учесниците кои сега станаа општо прифатени: чести освежителни станици, храна после трките и награди за возрасни категории и до над 70 години.

Во Македонија, Шри Чинмој Маратон Тим егзистира од 1990 година во рамките на здружението на граѓани „Центар Шри Чинмој“. Од 1997 година се формира како посебно спортско здружение - атлетски клуб.

Денес Шри Чинмој Маратон Тим е член на Атлетската Федерација на Македонија и активно учествува со сопствена организација на маратонски и улични трки како и со ко-организација на заеднички спортски настани.

Шри Чинмој Маратон Тим активно соработува со МОК, Сојуз на спортови на град Скопје и на Македонија како и со други спортски здруженија.

Од страна на Македонскиот Олимписки Комитет, како израз на признание за неговиот посебен придонес во развојот на спорот, на Шри Чинмој му беше доделена Олимписка награда насловена: „Древен дух на Олимпизмот“. Признанието му беше доделено на трката за Мајка Тереза која се одржа при неговата посета на Македонија на 15 и16 октомври 2003 година, по покана од трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.

Посебниот придонес во македонскиот спорт и атлетиката. Шри Чинмој Маратон Тим во Македонија го дава со настапот на свои маратонци на разни трки кои за првпат имаат востановено македонски рекорди во повеќе ултрамаратонските трки. За повеќе информации следете ги линковите „Интересно“ и „Трки“.

Шри Чинмој Маратон Тим