About the author:

Medur is our go-to person for many of the essential tasks involved in putting on our races: race setup, our lap counting system and our website. An enthusiastic runner himself, he has participated in many editions of the Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run in Canada and the US.

Прашање: Како може да се комбинираат спортот и медитацијата?

Шри Чинмој: Нашата филозофија не го негира ниту надворешниот ниту внатрешниот живот. Најголемиот број на луѓе го негираат внатрешниот живот. Тие чувствуваат дека внатрешниот живот не е важен се додека се на земјата. Исто така има луѓе кои мислат дека надворешниот живот не е неопходен. Тие чувствуваат дека најдобра работа е да се отиде во пештера на Хималајите и да живеат живот на осама бидејќи надворешниот живот е многу болен и полн со недоразбирања.

Ние не веруваме ниту во животот на осама ниту во обичниот живот - така наречениот модерен живот, кој зависи од машините а не од внатрешната стварност, душата. Ние се обидуваме да го синтетизираме и хармонизираме надворешниот со внатрешниот живот. Надворешниот живот е како прекрасен цвет а внатрешниот живот е неговиот мирис. Ако нема мирис тогаш не можеме да го цениме цветот. Меѓутоа, ако нема цвет, како може воопшто да има мирис? Затоа внатрешниот и надворешниот живот мора да одат заедно.

Телото е како храм а душата или внатрешната стварност е како олтар внатре во телото-храмот. Ако храмот нема олтар, тогаш не можеме да го цениме храмот. Но ако не го одржуваме храмот во добра состојба, тогаш како можеме правилно да се грижиме за олтарот? Мораме да го одржуваме телото во кондиција, а за ова трчањето многу помага. Ако физички сме во добра кондиција, тогаш ќе бидиме повеќе инспирирани да станеме рано наутро да медитираме. Точно е дека инспирацијата да медитираме доаѓа од внатре, но ако сме здрави, тогаш ќе ни биде многу полесно да станеме во пет или шест часот за да се молиме и медитираме. На овој начин надворешниот живот му помага на внатрешниот живот. Исто така ако сме инспирирани да станеме рано да медитираме, тогаш исто така ќе можеме да излеземе и да трчаме. Тука гледаме дека внатрешниот живот му помага на надворешниот живот.

И двете, и надворешното и внатрешното трчање се важни. маратонот е 42км. Да речеме дека 42км се нашата крајна цел. Кога за првпат ќе почнеме со трчање, не можеме да ја истрчаме должината. Но со вежбање секој ден, развиваме издржливост, брзина и упорност. Постепено ќе ја надминеме нашата ограничена способност и на крај ќе ја  достигнеме нашата цел. Во внатрешниот живот, нашата молитва и медитација се нашето внатрешно трчање. Ако секој ден се молиме и медитираме, ние ја зголемуваме нашата внатрешна способност. Способноста на телото и способноста на душата, брзината на телото и брзината на душата одат заедно. Надворешното трчање нè потсетува на нешто повисоко и подлабоко - душата - која трча долж Патот на Вечноста. Трчањето и физичката кондиција ни помагаат и во нашиот внатрешен живот на тежнение и во нашиот надворешен живот на активност.

Прашање: Многу големи спортисти кажуваат за искуства на повисока свест во форма на визии за нивните настапи или на единство со елементите. Од каде доаѓаат овие искуства?

Шри Чинмој: Овие спортисти немаат високи искуства затоа што се многу духовно развиени. Многу луѓе практикуваат духовност и немаат вакви искуства. Понекогаш се случува да Бог се обидува да ги инспирира луѓето на многу посебен начин, во многу посебен час. Овие спортисти се убија вежбајќи долги години и сега Бог сака да им покаже дека има повисоки реалности во животот. Тој сака да им каже: „Не запирајте, не застанувајте овде! Сега правите нешто за име и слава. Ако излезете први ќе добиете радост, ако излезете последни ќе се чувствувате мизерно. Но постои и друг свет. Во тој свет, дури и кога правиш нешто добиваш огромна радост. Тука мислиш дека има многу работи што треба да ги направиш, многу работи се пред тебе и чувствуваш дека не можеш да ги направиш сите. Но во тој друг свет, не само што ќе можеш да направиш многу повеќе работи во исто време, туку исто така ќе добиеш радост додека ги правиш овие работи. Не треба да чекаш на резултатите за да добиеш радост“.

Духовниот живот е ваков. Луѓето кои се молат и медитираат најдушевно и добиваат огромна радост додека се молат и медитираат. Тие не очекуваат да добијат некаков резултат на крајот од двата или три часа што ќе ги направи среќни. Самата молитва и медитација им даваат радост.

Прашање: Што значи твојот слоган: Трчај и Стани, Стани и Трчај?“

Шри Чинмој: Ако трчаме гледаме како нашите способности стануваат потполно манифестирани. Претходно, нашите способности беа заспани; не функционираа внатре во нас. Но кога трчаме, ние ги изнесуваме на површина нашите скриени способности и можеме да направиме нешто и да станеме нешто. Но еднаш кога ќе станеме нешто, ова не е крајот. Се уште треба да одиме напред, бидејќи ние сме вечни аџии. Се во нас се надминува. Тоа е како дете. Првата цел е да ја научи азбуката. Учи и ја научува. Но дали потоа ќе се откаже? Не. неговата втора цел е да оди во училиште. Потоа сака да оди на колеџ. Тркачот ја изнесува напред неговата споособност и станува нешто. Потоа гледа наоколу и гледа неколку тркачи - шампиони и добива инспирација да се обиде да стане одличен тркач како што се тие. Можеби еден ден ќе се истакне и ќе ги надмине. Значи секогаш има повисоки цели дури и кога станавме нешто. Штом ќе ја достигнеме нашата прва цел, теба да трчаме кон повисоката цел.

Прашање: Како учител по медитација, зошто охрабруваш спортски активности?

Шри Чинмој: Јас ги охрабрувам и инспирирам моите студенти да организираат и учествуваат во триатлони, ултрмаратонски трки и кратки трки бидејќи чувствувам дека на светот му треба динамизам. на надворешниот свет му треба динамизам а на внатрешниот свет му треба мир. Сите ние сме трагачи и затоа се молиме и медитираме за да добиеме мир. Меѓутоа, чувствуваме дека ако можеме да бидеме динамични, тогаш ќе можеме да постигнеме повеќе во надворешниот живот. За да бидеме динамични нас ни теба физичка кондиција во секој момент а трчањето значително помага да се одржуваме во кондиција. Исто така, трчањето нè потсетува на нашето вечно патување на кое, чекориме, маршираме и трчаме долж Патот на Вечноста кон вечната Цел.

 

Како медитацијата му помага на спортот

Прашање: Дали внатрешното трчање му помага на надворешното трчање?

Шри Чинмој: Нашето внатрешно трчање дефинитивно ни помага во нашето надворешно трчање. Преку молитвата и медитацијата, можеме да развиеме интензивна моќ на волјата а оваа моќ на волјата може да ни помогне, многу добро да биде нашето надворешно трчање. Медитацијата е спокој, мир, тишина, додека свеста на трчањето е целата динамизам. Меѓутоа, надворешната брзина на тркачот има посебен вид на смиреност или спокој во самото нејзино срце. Овој спокој можеме да го донесеме во нашиот надворешен живот. Смиреноста е невидена моќ, а оваа невидена моќ е секогаш спремна да дојде на помош на надворешниот тркач.

Прашање: Дали спортистот кој има духовна чистота има поголема способност од спортистот на кој не му е грижа за духовниот живот?

Шри Чинмој: Да речеме дека имаме двајца спортисти, кои на физички план имаат исти стандард. Ако ти си чист а другиот е нечист што ќе се случи? Ако навистина го имате истиот стандард, тогаш дефинитивно ќе можеш да го победиш нечистиот. Штом ќе го допреш ѓулето, ќе можеш да ги контролираш твоите витални мисли, ментални мисли и физички мисли. Но кога другиот ќе го допре, тој ќе гледа наоколу да види дали го гледаат другите. Кога мисли на публиката, дел од неговата сила си оди. Штом ќе се идентификува себеси со публиката, она што добива се нивните грижи, неспокој и напнатост. Но кога ти фрлаш, штом ќе го допреш ѓулето, постоите само ти и Бог. Ти не му дозволуваш на твојот витал да дојде нанапред. Не ја отвараш физичката врата. не ја отвараш менталната врата. Чистотата е твојот телохранител. Таа не и дозволува на било која лоша сила да влезе. Ти не знаеш кој е добар или лош, кој е твој непријател. Твојата чистота-телохранител е многу строга. Нема да дозволи ништо лошо да влезе во твојот ум. Затоа ако некој спортист ја има истата способност како некој друг, тогаш тој што е почист ќе победи, бидејќи нема да си дозволи себеси да биде нападнат од надворешните сили за време на натпреварувањето.

Прашање: Дали духовниот живот всушност ја менува физичката форма?

Шри Чинмој: Да, духовниот живот ја менува физичката форма ако додека практикуваш духовност обрнуваш внимание на физичкото. Има многу духовни Учители кои практикуваат духовност и исто така обрнуваат внимание на физичкото. Јас сум еден од нив. Дури и кога бев во Индија редовно вежбав како што медитирав. Меѓутоа има многу Учители кои не обрнуваат внимание на физичкото.

Духовниот животи има способност да го смени физичкото, но ако свесно не го користиме духовниот живот за да му помогнеме на телото, тогаш природно, телото ќе одговори само до одреден степен. Ова зависи од трагачот - дали тој сака неговиот духовен живот да влезе во неговата тело-свест или дали сака да има две одвоени постоења. Јас чувствувам дека двете треба да одат заедно. Меѓутоа, бескорисно е ако телото стане силно, но личноста не тежнее. Телото и духот треба заедно да одат во духовното патување.

 

Како спортот и помага на медитацијата

Прашање: Дали концентрацијата која ја користат атлетичарите на било каков начин им помага духовно?

Шри Чинмој: Иако нивната концентрација е во физичкиот план и виталниот план а не во психичкиот план, таа сепак помага. Таа е моќ, како моќта на парите, која може да се примени во било која цел. Но ако сакаш да купиш нешто суптилно, тоа не можеш да го направиш со моќта на парите. За суптилните работи ти треба друг вид на концентрација. Постои голема разлика помеѓу психичката концентрација и физичката или виталната концентрација. Психичката концентрација е навистина тешка - многу потешка од физичката или виталната концентрација. Таа е како постар брат. Но помладиот брат сигурно може да му помогне на постариот брат. Концентрацијата-моќ што ја учите од атлетиката сигурно ќе се придодаде на твојата психичка концентрација. А ако некој има психичка концентрација, витална концентрација и ментална концентрација, тогаш таа личност може многу лесно да биде голем шампион во светот на атлетиката како и во духовниот свет.

Прашање: Како можеме ефективно да ја канализираме физичката енергија во духовна енергија?

Шри Чинмој: Треба да занеме дека физичката енергија има само еден извор, а тој извор е духовната енргија. Се додека сме во телото-свест, не сме свесни за ова. Но кога ќе отидеме длабоко внатре гледаме дека духовната енергија е извор на физичката, виталната и менталната енергија. Кога духовната енергија влегува во физичкото, таа е прилично загадена. Таа не може да ја задржи својата првобитна чистота. Она што ни треба е чистота на внатрешен план и посветеност на надворешен план. Внатрешната чистота може да ја добиеме преку тежнението, а надворешната посветеност доаѓа преку постепеното внатрешно прочистување и внатрешна свесност. Кога ги имаме и двете, и внатрешната чистота и надворешната посветеност, тогаш духовната енергија влегува во физичката енергија и физичката енергија тогаш е дополнителна сила за духовната енергија.

Прашање: Како можеме да имаме духовна корист од тренирањето и трчањето маратони?

Шри Чинмој: Маратонот е долго патување. Се разбира има исто така и ултрамаратон, но маратонот е посебен и секогаш ќе остане неспоредлив меѓу долгите трки. Како што е маратонот долго патување на надворешен план, така е и духовноста долго, подолго, најдолго патување на внатрешен план. Твоето сопствено духовно трчање е без почеток и крај, тоа е бесконечно.

Кога трчаш маратон, ти се обидуваш да постигнеш на физички план нешто многу тешко и макотрпно. Кога го правиш ова, тоа ти дава радост бидејќи те потсетува на тоа што се обидуваш да постигнеш на внатрешен план. Како што си решен да го завршиш најдолгото патување на надворешен план, маратонот, така си решен да стигнеш до Целта во твоето внатрешно патување. Едното патување секогаш ќе те потсетува на другото. Надворешното патување ќе те потсетува на твоето внатрешно патување кон Бого-реализацијата, а внатрешното патување ќе те потсетува на твоето надворешно патување кон Бого-манифестацијата.

Прашање: Кои се најдобрите особини на трчањето во споредба со играњето тенис?

Шри Чинмој: Трчањето нè потсетува на нашето внатрешно патување, кое е пред нас. Целта е напред и ние трчаме кон целта. Ова е големо чувство кое накрај ќе прерасне во големо постигнување. Играњето тенис нè потсетува да бидеме инструменти. Тениското топче е самодавачки инструмент, кој секогаш се обидува да нè задоволи на наш сопствен начин. Во кој и да е правец сакаме да го удриме, топчето нè слуша. Тенисот нè потсетува на божествената цел, која е да се стане совршен инструмент на Бога и да го задоволиме Бога на Негов сопствен Начин а трчањето нè потсетува на нашето постојано патување долж Патот на Вечноста кон судената цел. Тенисот и трчањето се како две патеки кои водат до иста цел; и двете на крај стигаат до целта, но секоја стига од различен правец.

Прашање: Дали триатлонот има било какво духовно или симболично значење?

Шри Чинмој: Пливањето нè потсетува на нашиот духовен живот. Сега пливаме во морето на незнаењето, но се молиме на нашиот Сакан Севишен и медитираме на Него за да можеме да пливаме во морето на Светлината и Блаженството. Трчањето нè потсетува на нашето беспочетно и бескрајно патување долж Патот на Вечноста.

Додека возиме велосипед, се потсетуваме себеси за еволуцијата, за тоа како светот еволуира во циклуси. Кога мислиме на нашата планета, мислиме на тркало кое се врти; нашиот живот исто така еволуира како тркалото. Порано, во далечното минато, живеевме во ерата на вистината. Сега живееме во ерата на измамата. Постоеше време кога вистината царуваше. Но сега гледаме во секој момент и на секое место дека измамата царува. Нашата цел е повторно да се врати златното доба во кое вистината ќе биде нашиот внатрешен водич и ќе царува.

Ги ценам и им се восхитувам на спортистите кои имаат огромна способност во овие три спорта: трчање, возење велосипед и пливање. Секој од нив е важен. Сакаме да пливаме во морето на Светлината и Блаженството а не во морето на незнаењето-ноќ. Трчаме долж Патот на Вечноста. И во процесот на еволуцијата, нашиот животен процес, нашата животна енергија, се се врти многу брзо. Што побрзо ќе можеме да одиме, толку побрзо ќе можеме да имаме надворешен успех и внатрешен напредок. А со нашиот надворешен успех и внатрешен напредок, ќе можеме да стигнеме до нашата цел бескрајно побрзо од обично.

Прашање: Кој е победничкиот став?

Шри Чинмој: Победничкиот став, од духовна гледна точка е ставот на самодавање. Ако имаш искрен самодавачки став, тогаш ти си повеќе од спремен да го победиш твоето сопствено незнаење. Во обичниот човечки живот ние се обидуваме да победиме поразувајќи ги другите. Во духовниот живот, се обидуваме да победиме совладувајќи го нетежнеечкото и небожественото во нас самите. Победничкиот став е нашата орност да ги совладаме особините кои не се волјни за напредок.

Прашање: Кое е духовното значење на натпреварувачките спортови?

Шри Чинмој: Нашата цел не е да станеме најдобар спортист на светот. Нашата цел е да го одржуваме телото во кондиција, да развиеме динамизам и да му дадеме на виталот невина радсот. Наша цел не треба да е да ги надминеме другите туку постојано да ги надминуваме нашите сопствени претходни постигнувања. Нема да можеме правилно да ја отцениме нашата способност ако нема некаков стандард за споредување. Затоа, не се натпреваруваме за да ги победиме другите туку за да ја изнесеме на површина нашата сопствена способност. Нашата најдобра способност доаѓа нанапред само кога има други луѓе околу нас. Тие нè инспирираат да ја изнесеме нанапред нашата најголема способност и ние ги инспирираме нив да ја изнесат нанапред нивната најголема способност. Затоа имаме натпреварувачки спортови.

Секога треба да се има цел. Да се има цел не значи дека треба да го победиме најдобриот светски тркач, далеку од тоа. Во духовниот живот не постои натпревар. Но постои нешто што е многу значајно, неопходно и неизбежно кое го нарекуваме напредок. Нашата цел теба да биде нашиот сопствен напредок, а самиот напредок е најпросветлувачкото искуство.

Да речеме дека сакаме да напредуваме, сакаме да се надминеме себеси. Сега, ако има некој со нас, веднаш неговиот ум или нашиот ум ќе мисли дека се натпреваруваме. Во обичниот живот се натпреваруваме со другите за да добиеме надмоќ. Но во духовниот живот, не се натпреваруваме со другите. Само се обидуваме да ја надминеме нашата сопствена способност.

Можеме да мислиме на себеси како на две половини: несовршенството е едната а нашиот искрен плач за совршенството е другата половина. Едната страна е слабост, а другата е сила. Со нашиот внатрешен плач за совршенство ајде да трчаме кон нашата цел и да стигнеме до просветлувањето-брегот. Кога нашето битие ќе биде целосно просветлено, тогаш мрачните сили, силите на незнаењето се плашат да се приближат. Пред да стигнеме до целта, тие ни се закануваат. Но еднаш кога ќе стигнеме до просветлувањето-целта, силите на незнаењето не се осмелуваат да влезат во нас бидејќи чувствуваат дека ќе бидат целосно уништени. не знаат дека само ќе бидат преобразени и просветлени.

Прашање: Дали сметаш дека луѓето денес се свртуваат кон трчањето како еден вид на додаток кон нивните духовни животи?

Шри Чинмој: Ти го користиш терминот „духовност“. Но во овој случај, ајде да го користиме терминот „радост“. Многу луѓе открија дека трчањето е многу ефективен начин да се создаде радост. Трчањето не само што бара кодиција на телото туку и кондиција на виталот, умот и срцето исто така. Понекогаш телото е во добра кондиција, но умот не е спремен. Понекогаш умот сака да трча, но телото не сака да соработува. Кога се работи за трчање, сите „членови на семејството“ - телото, виталот умот и срцето - треба заедно да работат. Преку трчањето, душата сака да им даде гозба на сите нејзини деца. Нејзината радост нема да биде потполна ако и само еден член - телото виталот, умот или срцето - не учествуа. Она што трчањето го прави е да ги одржува во кондиција телото, виталот, умот и срцето за да душата добие потполно задоволство.

Прашање: Дали трчањето може да помогне да се ослободиме од фрустрацијата и лутината?

Одговор: Трчањето е одличен начин да се ослободиме од фрустрацијата и лутината. Ако си навистина лут на некој, излези и трчај. После километар или повеќе ќе видиш дека твојата лутина си отишла, било заради тоа што целосно си исцрпен или заради тоа што, задоволството што го доби од физичкиот напор, ја замени твојата лутина. Во Индија еден од моите ментори имаше обичај да каже дека ако сме лути, теба да џогираме во место. Наместо да ни каже да се молиме на Бог да ја земе нашата лутина, тој на своите студенти и велеше да џогираат. Секогаш велеше дека не треба да изминеме било каква далечина - само џогирајте во место. Тој знаеше дека трчањето може да биде ефективен метод за ослободување на себеси од негативни емоции.

Прашање: За серизен тркач, дали има било каква разлика помеѓу тежнение и амбиција?

Прашање: Постои голема разлика помеѓу тежнение и амбиција. Ако тркачот сака да се напрегне себеси до неговата крајна способост и да ја достигне неговата најголема брзина, тогаш тоа е негово тежнение. Но кога има амбиција, веднаш започнува еден вид на ривалство. Амбицијата сака да биде најдобра во се, но тежнението е различно. Тоа вели: „Ќе дадам се и ќе трчам редовно. Но резултатот, постигнувањето, ќе биде целосно крај Стапалата на Севишниот“.

Прашање: Колку е важно за духовен аспирант да остане во добра кондиција?

Шри Чинмој: Физичката кондиција е од огромно значење за нашиот живот. Ако телото е во добра кондиција, тогаш ќе можеме добро да ги извршуваме нашите животни активности. Затоа, важно е да се трча или да се прават физички вежби секој ден за да станеме силни, здрави и динамични. Ако сме во добра кондиција, ќе можеме да ги спречиме болестите и другите непоканети гости да влезат во нас.

Во минатото, луѓето се грижеа за кондицијата на телото бидејќи знаеја дека ако имаат здраво тело ќе можат да останат подолго на земјата. Ако се тоа духовни луѓе, тие чувствуваа дека здравото тело ќе им овозможеше да продолжат со молитва и медитација уште многу години. Денес исто така знаеме дека ако телото е полно со болести, нема да можеме добро да се молиме и медитираме.

Ние имаме и тело и душа. Духовната личност треба да им дава еднаква важност и на телото и на душата. Ако му обрнува внимание само на телото, ако стане физички силен но духовно многу слаб, тогаш за него нема да има мир на умот или внатрешна радост. Меѓутоа, ако обрне внимание само на молитвата и медитацијата и го занемари телото, тогаш неговото тело нема да биде добар инструмент за откривање и манифестирање на Бог. Наутро ќе се обиде да се моли на Бог, но ќе мора да запре бидејќи има главоболка, проблеми со стомакот итн.

Ако некој воопшто не вежба, тогаш физичкото ќе остане темно, летаргично и вистинска пречка за аспирантот. Ако физичката свест не тежнее, ќе остане одвоена од душата. Биди сигурен дека никогаш нема да можеш да постигнеш совршенство. Физичкото мора да тежнее на свој сопствен начин за да ја зголеми својата способност да може да ја задржи светлината. Тогаш физичкото ќе допринесе кон духовното и ти ќе можеш да тежнееш и да манифестираш многу повеќе.

Затоа физичката кондиција и духовноста мора да одат заедно. Тоа е како кога имаш две нозе. Со една нога не можам да одам; ми требаат две нозе за да стигнам до мојата цел.

 

Како што надворешниот тркач секој ден вежба и вежба за да ја истрча неговата најбрза трка,

така и внатрешниот тркач мора неуморно да вежба и вежба за да стигне до неговата највисока висина.